All for Joomla All for Webmasters

Есенски панаѓур во градинката ,,Авионче,, во Општина Петровец

Есенски панаѓур во ,,Авионче,

Втора година по ред во новиот објект на детската градинка ,,Авионче,, во Општина Петровец се одржува есенски панаѓур на тема ,,Македонска традиционална храна,,. Средствата собрани од овој панаѓур ќе бидат наменети за збогатување на сите воспитно образовни групи во градинката.

 

Во детската градинка ,,Авионче,, во Општина Петровец се одржа есенски панаѓур, на кој присутните родители и вработени во објекотот имаа можност да купат од понудените продукти, изработени од страна на родителите. Овој панаѓур во новиот објект на градинката се одржува втора година по ред а е на тема ,,Македонска традиционална храна,, со цел да се задржат рецептите за традиционални македонски јадења. Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски изрази задоволство од организираноста и вклученоста како на персоналот од градинката, така и на мајките и бабите на дечињата кои се потрудија овој настан да придонесе за збогатување на воспитниот процес на децата од најмала возраст и најави дека освен 10-тина дечиња кои треба да бидат сместени во групата јасли, нема други деца на листата на чекања, бидејќи со проширувањето на капацитетите на градинката овозможен е прием на сите деца кои биле пријавени за прием во градинката, а овие 10-тина деца се чека да заврши набавката на потребниот инвентар и по нова година и тие ќе бидат згрижени.


Директорката на градинката Анета Петрушевска истака дека дечињата со голема радост се подготвувале за овој настан, како дома со своите мајки при подготовка на јадењата кои требало да ги донесат во градиката, така и при организирањето на панаѓурот во самата градинка подготовката на мини приредбата која дечињата ја приредија за присутните на есенскиот панаѓур.

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
       

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.