Прв училишен ден во Општина Петровец (ВИДЕО)

Во ООУ Кочо Рацин во Општина Петровец денеска прв пат во училишните клупи во две нови паралелки седнаа првачињата, кои возбудено и во прегратка на своите наставнички го почнаа школувањето.

 

 

Новите ученици и родителите со пригодна забавна програма беа поздравени од нивните другарчиња.

 

 

Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски и директорката на училиштетото им посакаа среќен и успешен почеток на учебната година, а новите ученици беа почестени со чоколлади.

 

 И во останатите училишта во општината денеска за првачињата свечено беше одбележан првиот училишен ден.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.