Пуштена во употреба нова улица во н.м. Огњанци во Општина Петровец (ВИДЕО)

Денеска е пуштена во употреба ул. 6 во н.м. Огњанци со должина од 170 метри и ширина 5 метри. Улицата е направена од павер елементи и е финансирана целосно од буџетот на Општина Петровец.

 

Во с. Огњанци треба да се завршат само уште две улици во должина од 150 и 130 метри, изјави градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски. Тие ќе бидат направени во следните два месеца, додаде градоначалникот.

 

Исто така, во с. Огњанци се поставува канализациона мрежа, чија изградба ќе чини 230 000 евра, а по завршување на истата, целата општина ќе биде покриена со канализација.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.