Општина Петровец започна темелна реконструкција на културниот дом во с. Сушица (ВИДЕО)

Општина Петровец започна со темелна реконструкција на културниот дом во с. Сушица. Граѓаните ќе добијат простории за амбуланта, продавница, месна заедница и две резервни простории за општа  намена.

Инвестицијата чини 1 300 000 денари кои се целосно обезбедени од буџетот на Општина Петровец, а реконструкцијата ќе биде завршена за еден месец.

 

Овој објект е од витално значење за селото, а посебно место зазема амбулантата која жителите одамна ја побаруваат.

 

Од Општина Петровец се надеваат дека со континуираните заложби ќе се врати животот во ова неселено место.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.