Нова канализациона мрежа во с.Р‘жаничино во Општина Петровец (ВИДЕО)

Општина Петровец поставува нова канализациона мрежа во с. Р‘жаничино, на крак кој води од центарот на селото до излезот кон Катланово.

Оваа нова канализација од 500 метри, која ќе опфати 30-тина домаќинства, ќе биде завршена за 15 дена.

Средствата од 920 000 ден. се целосно обезбедени од буџетот на Општина Петровец.

Следува поставување на канализација на крак од улица во Горно маало, со што 90% од територијата на с. Р‘жаничино ќе биде покриено со канализациона мрежа.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.