Општина Петровец го реконструираше културниот дом во село Сушица (ВИДЕО)

Општина Петровец на месната заедница во с. Сушица денеска и го предаде во употреба новиот, реконструиран културен дом. За новиот изглед на културниот дом, општината од сопствениот буџет издвои 25 000 евра.

Со реконструкцијата е извршена целосна замена на кровот и кровната конструкција, направена е замена на сите врати и прозорци. Новиот културен дом во с. Сушица има обновени ѕидови, нова фасада и нови плочки на подот.

Освен простор за месната заедница, домот има и неколку други простории, наменети за продавница, матичен лекар и за младите во с. Сушица.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.