(Видео) „Таче подобро да не го запознавме, Мицкоски врти на турбината во МНТ, Бисера се слика за сајто“, аплаузи и смеење на Златна Бубамара

Шегите и наградите доминираа и на овогодинешната Златна бубамара на популарноста. Се започна со песната „Еден бакнеж“ од Нина Спирова, продолжи со Тино и Атанас кои ја имаа улогата на водители, а на сцената не се појави актерот Сашко Коцев. Се доделија десетици награди за најпопуларни музичари и најдобри концерти, а почестени беа и доктори, актери, текстописци.

Публиката беше најгласна кога ги слушаше шегите на Тино и Атанас, чиј таргет беа политичарите – премиерот Димитар Ковачевски, опозицискиот лидер Христијан Мицковски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, скопската градоначалничка Данела Арсовска, ексградоначалникот Коце Трајановски, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. 

Секој посетител доби гратис перниче од организаторот Ранко Петровиќ, а Тино и Атанас порачаа: „По десет години, на отворање на Универзална сала, донесете ги перничињата..“, по што додадоа: „Минатата година се жалеа задникот ги болел, затоа ви ставивме перничиња“.

Бидејќи во изминатата година поскапе струјата, а дел од Скопје беше и без улични светилки, од сцената се побара добитниците да имаат помали говори, додека пак, публиката да дава пократок аплауз.

“Кога ќе излегувате на сцена, кажете здрaво, фала за сите што ургираа за наградата и толку”, рекоа Тино и Атанас.

На тапет се најде премиерот Ковачевски, за кого беше обзнането дека во 100 дена потрошил 26 илјади евра на реклами на социјални мрежи.

“Лани не знаевме кој е Таче, а оваа година дознавме. 26 илјади евра даде да го дознаеме. Подобро да не дознаевме”, рече ТинСе осврнаа и на кавгата ВМРО-ДПМНЕ – Данела Арсовска.

“Ја запознавме и мама Данела.. ама брзо се скара со фамилијата.. ама овие брцаа, брцаа, брцаа во медот… и се скараа”, рече Атанас.

 

 

Громогласен аплауз доби фудбалската легенда Горан Пандев, на кого Игор Џамбазов и Гуру Харе му испеаја и песна, направена специјално за него.

 

 

Меѓу многуте, награди добија Ефто Пупиновски и Блага Петреска, Лара, Панчо и Андреј од ДНК, Некст Тајм, Меморија, Мирослав Илиќ, Џибони, Венко Андоновски…

 

 

Настапи имаа и Џамбо Агушев, Наум Петрески, групата „Меморија“…

Кога дојдоа наградите за театар и филм, следеа и нови шеги. Овој пат на сметка на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Преку шегите беше претставена лошата состојба во театрите и актерската фела. Глумците беа револтирани поради распоредот на парични средства од годишната програма за култура, лошите услови во театрите, како и нерегуларниот статус на голем дел од нив.

„МНТ е пренаменет во аквапарк“, рекоа Атанас и Тино алудирајќи на прокиснувањето на кровот на театарот и водата од Вардар која го прокиснува театарот.

За Костадиновска-Стојчевска имаше шеги во кои Атанас и Тино опишуваа како министерката кога ги видела вреќите пред МНТ кои спречуваат поплави, барала од нејзиниот тим да ја фотографира.

„Ај сликај ме тука и клај ја на веб-сајтон“, рекоа Атанас и Тино смеејќи се на сметка на министерката. Потоа опишуваа како министерката би изреагирала кога ќе влезе во поплавениот МНТ со штикли, поминувајќи ги баракадите: „Леле дај чизмите од Коце, оние жолтине“.

Тие смислија и нови имиња на претставите кои се играат во МНТ, па така две од нив ги именуваа како „Барајќи го Немо“, и „20.000 милји под морето“. Улогата на Аквамен, пак, му ја дадоа на Игор Џамбазов.

Шега имаше и на сметка на опозиционерот Христијан Мицкоски. Тино и Атанас посочуваа што се има во т.н. мала сцена (често поплавена) во МНТ.

„Пливала Бисера во длабокото и ја видела турбината, до неа човек. Отишла од блиску, кога видела Христијан Мицковски ја вртел турбината за да си произведе сам струја“, кажаа тие.

Награда за трајни музички вредности доби Јаков Дренковски, а наградата за животно дело ја добија браќата Миле и Георги Барбаровски, кои напишаа некои од најубавите песни во антологијата на македонската народна музика.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.