Кијану Ривс дава редок коментар за партнерката Александра Грант

Двојката е во врска од 2019 година, но нивното пријателство датира повеќе од една деценија.

Кијану Ривс сподели редок увид во својата врска со Александра Грант.

58-годишната акциона ѕвезда неодамна во интервју за магазинот „Пипл“ се потсети на последниот момент на блаженство, како што рече, со 49-годишната уметница. „Пред неколку дена со мојата душичка“, рече Ривс за својата партнерка, со која е во врска четири години. „Бевме во кревет. Бевме поврзани. Се смеевме, смеевме и се кикотевме. Се чувствувам одлично. Беше навистина убаво да сме заедно“, рече тој.

Слаткиот миг понуди увид во и онака многу приватната врска на Ривс и Грант. Двојката излезе во јавноста со својата романса кога прошетаа на црвениот тепих фатени за рака на гала-свеченоста „ЛАКМА уметност и филм“ (LACMA Art + Film) во ноември 2019 година.

Од тогаш беа видени заедно во Берлин, потоа на пазарување во Њујорк, а присуствуваа и на премиера на мјузикл на Бродвеј.

Последен пат беа видени заедно во јавност во јуни 2022 година во Лос Анџелес додека присуствуваа на гала-настанот МОКА во Музејот на современата уметност.

Додека ѕвездата на „Матрикс“ и визуелната уметница ја официјализираа својата врска пред речиси четири години, нивното пријателство датира повеќе од една деценија.

Двајцата соработуваа на книгата „Ода на среќата“ од 2011 година и „Сенка“ од 2016 година, чиј автор е Ривс, а илустратор Грант.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.