(ФОТО) Џена Ортега преслатка во бордо-костим

Актерката Џена Ортега блесна на филмскиот фестивал во Венеција пред неколку дена, каде што се појави по повод својот нов филм „Бубимир, Бубимир“. Таа се појави во костим во хит-бојата на оваа година – бордо. Иако сме навикнати на вакви настани да гледаме актерки во раскошни фустани, Џена докажа дека костимот одлично и стои.

 

Таа спои едноставна бордо-јакна со панталони во истата боја, носеше незабележителни црни чевли, а косата и шминката и беа едноставни. Таа се комплетира со сребрени синџирче и прстен, а маникирот беше минималистички.

 

 

Доколку ви се допаѓа нејзиното лежерно издание, најдовме слични парчиња што ќе ви олеснат да го копирате нејзиниот стил, без разлика дали сакате да го носите во формални ситуации или да бидете екстра шик на работа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.