Папараците ги снимиле со дрон: објавени фотографии од свадбата на Борис Бекер

Поранешниот тенисер Борис Бекер (56) минатиот викенд се ожени со Лилијан де Карваљо Монтеира (33). Свадбата се одржа во Портофино, Италија.

 

 

Бидејќи венчавката била во вила во непристапна област, пристапот до младенците бил тежок за фотографите. Вилата од три страни е опкружена со шума, а од предната страна има карпа. Затоа, некои фотографи дошле на идеја да земат дрон и да ги снимаат на тој начин. Сега се објавени папарацо фотографиите од венчавката.

 

 

Бекер беше во беж костум со црна машна, а Лилијан блескава во венчаница без прерамки. Како што пишува Вог, на свадбата имало околу 80 гости. Запросувањето наводно се случило во 2021 година во катедралата во Милано.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.