Меланија Трамп за своите разголени фотографии: Гордо стојам зад нив

Меланија Трамп набргу ќе објави мемоари, во кои ќе споделува лични приказни и семејни фотографии. Во оваа пригода таа објави видео на Х и се наврати на своите разголени фотографии што ги направила додека се занимавала со манекенство.

 

 „Зошто гордо стојам зад моите голи фотографии? Мислам дека поважното прашање е зошто медиумите избраа да се фокусираат на тоа. Дали веќе не можеме да ја цениме убавината на човечкото тело? Во текот на историјата уметниците го обожаваа човечкото тело предизвикувајќи длабоки емоции и восхит. Треба да го почитуваме нашето тело и да ја прифатиме безвременската традиција на користење на уметноста како моќно средство за самоизразување“, рече сопругата на Доналд Трамп.

 

Пред помалку од два месеца никарагванско-американскиот политички стратег и коментатор Ана Наваро објави голи фотографии од Меланија Трамп. Иако Наваро е член на Републиканската партија, таа е гласен критичар на републиканскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим.

 

„Некои републиканци дадоа одвратни сексуални коментари за Камала Харис на ТВ и на социјалните мрежи за да ја направат нејзината историја на љубовни врски сомнителна. Само напред. Сакате да го направите сомнително? Еве ви. Никогаш не сум видела голи фотографии од Камала Харис или нејзиниот сопруг“, напиша Наваро на својот „Инстаграм“.

 

Фотографијата на голата Меланија е направена во јануари 2000 година за магазинот „Џи кју“. Словенката е фотографирана како лежи на крзнен тепих со дијамантски ѓердан, белезици на рацете и црни потпетици додека е врзана со лисици на актовката на Доналд Трамп во неговиот приватен авион.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.