Трагедија: Лијам Пејн почина на 31 година по пад од балкон на хотел

Почина Лијам Пејн (31), поранешен член на „Уан дајрекшн“. Британскиот пејач е пронајден мртов во Буенос Аирес.

 

Си-ен-ен пишува дека пејачот бил пронајден мртов пред хотелот „Кас Сур“ во луксузниот кварт Палермо откога паднал од третиот кат. Смртта ја констатирала полицијата, а лекарите рекле дека нема начин да се спаси.

 

Очевидци за американскиот таблоид ТМЗ изјавија дека несреќата се случила нешто по 17 часот (локално време). Тие тврдат и дека Лијам претходно се однесувал чудно во лобито на хотелот. Напоменуваат дека го скршил лаптопот.

 

И во официјалното соопштение се вели дека полицајците биле испратени во хотелот по итен повик, „во кој биле информирани за агресивен маж, кој можеби бил под дејство на дрога и алкохол“. Кога стигнале, полицаецот, како што вели, слушнал силна бучава во внатрешниот двор на хотелот.

 

Тој беше во Аргентина на гостување на концертот на Нијал Хоран, поранешен колега од „Уан дајрекшн“. Оваа вест ги шокира фановите во целиот свет, кои се збогуваат на социјалните мрежи.

 

Обожавателите се збогуваат и во коментарите на неговиот инстаграм-профил, каде што го следеа над 26 милиони луѓе.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.