Ева Лонгорија е една од најубавите жени на светот, видете како изгледа без шминка

Холивудската актерка Ева Лонгорија (49) со години е позната како една од најубавите жени на светот. Иако најчесто ја гледаме на екраните и црвените теписи во беспрекорно негувано издание, оваа актерка не се срами од природниот изглед, па оди и на шопинг без шминка.

 

Таа неодамна беше така фотографирана по купувањето во продавница во популарната населба Беверли Хилс, а на лицето ги немаше ниту вештачките трепки, кои обично ги носи. Таа носеше лежерна бела комбинација со патики, плетен џемпер и широки панталони.

 

Таа во една пригода објави видео за нега на кожата во природно издание, а покажа и што користи за секојдневните излегувања кога се шминка.

 

„Веројатно не ме препознавате без трепки и шминка“, се пошегува Ева во видеото на „Јутјуб“, под кое набргу почнаа да се слеваат комплименти на нејзината сметка.

 

„Сакам дека толку природно изгледа, без филери за усни и драстични промени“, „Изгледа толку автентична и забавна. Без филтри или измами“, „Таа не само што е природно убава туку има и вистинска харизма и смисла за хумор“, се некои на коментари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.