Салма Хајек ги откри плановите на 17-годишната ќерка: Сака да стане режисерка

Додека ја промовираше својата нова серија Like Water for Chocolate, Салма Хајек сподели увид во плановите на нејзината 17-годишна ќерка Валентина Палома. Во гостувањето во The Today Show таа откри дека Валентина има намера да студира политички науки.

 

„Одлучи да тргне по својот пат. Сака да студира политички науки, но сака и да снима затоа што сака да стане режисер. Но, не сака да студира режија, таа вели дека тоа и е „во крвта“ и таа сака да го троши своето време за да научи нешто покомплицирано“, откри Салма за нејзината единица, која ја доби во брак со францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино.

 

Претходно, во интервју за Vogue México, Валентина изрази желба прво да биде актерка, а потоа режисер, сметајќи дека искуството пред камера може да помогне во режијата.

 

На Инстаграм, Салма го одбележа 17-от роденден на Валентина со емотивна објава, нагласувајќи дека можеби тоа е последниот роденден што ќе го прослави дома пред Валентина да тргне на својот пат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.