Ексминистер и двајца поранешни директори меѓу уапсените за уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, уапсени се 11 лица, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.

Настрешницата на станицата се урна на 1 ноември. Загинаа 15 лица, а две лица се уште се борат за живот.

По трагедијата во Србија беше следеа протести на граѓаните кои бараа одговорност за катастрофата што се случи.

Нова.рс дознава дека меѓу уапсените се Небојша Шурлан, поранешен директор на компанијата „Инфраструктура железнице“ и Јелена Танасковиќ, која до пред неколку дена беше директор на истата фирма.

Меѓу уапсените е и поранешниот министер Горан Весиќ, пишува Мондо.

Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура. Тој поднесе оставка пет дена по трагедијата што се случи во Нови Сад во која загинаа 15 лица.

„Дадов оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Република Србија. Дадов оставка како одговорен човек кој со личен пример сака да покаже дека во денешна Србија има морална одговорност поради страшната трагедија која се случи во одделот што го раководам“, рече тој.

За делото е предвидена затворска казна од две до 12 години, информираат од обвинителството во Србија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.