Нова романса на хоризонтот: Шерон Стоун не можеше да одолее на шармот на Кевин Костнер

По бурниот развод со Кристина Баумгартнер, Кевин Костнер наводно има романса со холивудската дива Шерон Стоун.

 

Наводно, оскаровецот не можел да одолее да флертува со три години помладата колешка Шерон Стоун за време на доделувањето на Гувернерските награди кои се одржаа на 17 ноември.

 

Извор за магазинот InTouch изјавил дека Стоун уживала во вниманието со кое Кевин ја опсипал, па дури и заводливо му намигнала.

 

„Летаа искри и тие веќе разменија броеви“, наведе изворот.

 

Тој исто така додаде дека Шерон Стоун јавно го поддржувала Костнер за време на неговиот развод со Кристина Баумгартнер.

 

„Дефинитивно изгледаше како да флертуваат еден со друг. Се започна со љубезен разговор, а потоа Кевин Костнер ѝ го употреби својот „убиствен“ шарм на Шерон, која е многу добра актерка. Таа беше многу слатка и добро се справуваше со вниманието. Во еден момент таа толку слатко му намигна“, додаде тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.