Објавена листа на најпребарувани прашања за секс на „Гугл“ во 2024 година: дали го знаете одговорот на првото
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 26 Декември 2024
Модерните термини поврзани со сексот понекогаш знаат да бидат збунувачки. Затоа многумина од нас се обраќаат до „Гугл“ за одговори. Неколку прашања ја одбележаа 2024 година.
Имено, „Гугл“ изјави дека прашањето „Што е автосексуалност? беше најбарано. Терминот автосексуалност првпат влезе во медиумите кога Кортни Кардашјан го спомна на својот блог во 2020 година, според „Космополитен“.
„Дали сте автосексуални? Накратко – да, најверојатно. Всушност, сите сме, барем малку“, напишала таа. Во суштина, автосексуалните луѓе се привлечени од сопственото тело.
Иако автосексуалците првенствено се привлечени од самите себе, сепак може да бидат привлечени и од други луѓе. „Хелтлајн“ наведува дека иако ова е релативно непознат термин, многу луѓе, всушност, се идентификуваат како автосексуалци.
Меѓу најпребаруваните се и прашањата „Што е оргазам?“, „Колку долго пос царски рез можете да имате секс?“ и „Колку често брачните парови имаат секс?“
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс