Џесика Алба се разведува по 17 години брак
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 09 Јануари 2025
Џесика Алба и нејзиниот сопруг Кеш Ворен се разведуваат по 17 години брак, објави ТМЗ.
Двојката неодамна одлучи да ја прекине врската и официјално да се разведе по речиси 17 години брак, изјавија извори за магазинот.
Џесика и Кеш се венчаа во мај 2008 година и имаат три деца: ќерките Хонор (16) и Хевен (13), како и синот Хејс (7).
Тие не ја наведоа причината за разводот, а интересно е што актерката неодамна ги сподели нивните семејни фотографии.
Џесика на неколку неодамнешни јавни појавувања беше фотографирана без венчалниот прстен. Актерката и асистентот на режија се запознаа на сетот на филмот „Фантастична четворка“ во 2004 година.
Тие се свршија во декември 2007 година и се венчаа на приватна церемонија во Беверли Хилс, Калифорнија, следната година кога Џесика беше бремена со нивната најстара ќерка.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс