Концерт на Јелена Томашевиќ на 8 март во Скопје – 20-годишен јубилеј и ексклузивен концерт за Денот на жената

На 8 март, Македонската опера и балет ќе биде домаќин на ексклузивен концерт на една од најпочитуваните музички ѕвезди на Балканот – Јелена Томашевиќ. Со овој настан, таа ќе го одбележи својот 20-годишен јубилеј на музичката сцена, прославувајќи две децении посветеност, уметност и искрени емоции што го освојуваат регионот.

 

„Во интимната и елегантна атмосфера на Македонската опера и балет, Јелена ќе им подари на присутните ноќ која ќе биде повеќе од концерт – ќе биде музичка приказна што ги поврзува срцата на сите генерации. Со нејзиниот извонреден вокал, кој е симбол на сила и нежност, Јелена ќе ги оживее своите најголеми хитови, како и песни кои оставија длабок печат на музичката сцена.

 

Во изминатите две децении, Јелена Томашевиќ се издвои како музички феномен кој го спојува традиционалното и современото. Нејзиниот глас допира до сите, а нејзините песни се химни на љубовта, вербата и животот. Од незаборавната „Оро“, која го освои целиот континент, до емотивните балади како „Име моје“ и „Да ми је да ми се врати“, секоја песна носи дел од нејзината душа и приказна.

 

Овој јубилеен концерт, освен што ќе биде ретроспектива на нејзиниот богат музички пат, ќе биде и вистински спектакл со современи аранжмани, специјално подготвени за оваа пригода. Придружувана од врвни музичари, Јелена ветува ноќ која ќе биде спој на елеганција, емоција и музичко совршенство.

 

На 8 март, Јелена Томашевиќ Ве кани на незаборавно музичко патување во Македонската опера и балет – заеднички да славиме љубов, музика и живот!

 

Со оглед на ограничениот број места и големиот интерес, препорачуваме навремена набавка на карти, за да бидете дел од овој единствен настан“, вели организаторот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.