Пеп Гвардиола ќе се исели од семејниот дом по разводот: вилата ja купи за 10 милиони евра

Пеп Гвардиола наводно ќе се исели од семејниот дом во Барселона вреден 10 милиони евра, пренесуваат шпанските медиуми. Неодамна се појави веста дека шпанскиот фудбалски тренер и неговата сопруга Кристина Сера се разведуваат по повеќе од 30 години брак.

 

Тренерот на Манчестер Сити секогаш остануваше во семејната куќа кога се враќаше во Барселона. Луксузниот имот во најелитниот кварт на Барселона некогаш бил во сопственост на Рафаел Маркез, а Гвардиола го купил за 10 милиони евра пред четири години. Вилата има четири ката и голем базен, а зафаќа парцела од повеќе од 22.000 квадратни метри. Самата куќа е 8.000 квадратни метри.

 

Според шпанските медиуми, се очекува Пеп по разводот да се исели од вилата и да продолжи да живее во луксузен имот во Салфорд, Англија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.