
Една од најубавите жени во светот објави дека е бремена
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 11 Март 2025

Оливија Кулпо, американската манекенка и поранешна Мис Универзум, сподели добра вест – таа и нејзиниот сопруг, ѕвездата на НФЛ Кристијан МекКафри, го очекуваат своето прво дете.
View this post on Instagram
Веста ја објавија на Инстаграм профилот на Оливија, заедно со црно-белите фотографии на кои таа гордо го покажува трудничкиот стомак. Таа покрај сликите напиша: „Ново поглавје, мајчинство“, потврдувајќи ги гласините кои веќе некое време кружеа меѓу нивните следбеници.
View this post on Instagram
Оливија и Кристијан ја започнаа својата врска во 2019 година, а се верија во април 2023 година. Тие се венчаа во јуни 2024 година на интимна церемонија во Род Ајленд, на која присуствуваа семејството и блиските пријатели.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
