Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс наводно нема да присуствуваат на годинешната „Мет гала“

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс наводно нема да присуствуваат на годинешната „Мет гала“. Извор близок до парот тврди дека тие не планираат да се појават на настанот, кој е закажан за 5 мај, пренесува ТМЗ.

 

Тие решија да го прескокнат настанот поради тековниот правен спор што Лајвли го има со колегата од It Ends With Us, Џастин Балдони. Конфликтот во последните денови стана уште позатегнат.

 

Сепак, според изворот, правните проблеми на Лајвли (37) и Рејнолдс (48) не влијаеле на нивната одлука бидејќи тие наводно планирале да ја прескокнат „Мет гала“ месеци пред да излезе во јавноста драмата со Балдони.

 

Ова не би било првпат Лајвли и Рејнолдс да одлучат да се повлечат од очите на јавноста и да го прескокнат овој гламурозен настан. Всушност, тие не присуствувале на „Мет гала“ од 2022 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.