Шакира го коментира раскинувањето со Пике: Тоа е рана што никогаш нема да зарасне

Колумбиската пејачка Шакира го коментираше раскинувањето со фудбалерот Жерар Пике во неодамнешното интервју за мексиканскиот канал N+.

 

„Процесите на заздравување траат многу години. Научив дека можете да чувствувате радост додека истовремено носите болка – додека живеете со рана што нема да зарасне. Тоа е како кога сте на забава и ве болат нозете, но сепак продолжувате да танцувате“, вели таа.

 

„Имаше моменти кога се чувствував мала и безвредна. Тогаш ви помагаат пријателите, семејството и вистинските луѓе – ве потсетуваат на вашата вредност и дека сте способни за повеќе отколку што мислите”, додала Шакира.

 

Пејачката и фудбалерот се запознале во 2010 година додека ја снимале нејзината песна Waka Waka, химна на тогашното Светско првенство. Тие ја потврдија врската една година подоцна. Првиот син го добија во 2013 година, а вториот во 2015 година.

 

Седум години подоцна ја изненадија јавноста објавувајќи го нивното раскинување, додека траеја гласините дека поранешниот фудбалер бил неверен





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.