Свршеницата на Џеф Безос: Се плашам да одам во вселената

Лорен Санчез, свршеницата на милијардерот Џеф Безос, проговори за своето претстојно патување во вселената.

 

„Во нашата куќа ја користиме изреката ‘животот почнува од другата страна на стравот’. Верувајте, и јас многу се плашам“, призна Санчез во интервју за магазинот „Ел“.

 

Санчез е една од вкупно шесте жени што ќе летаат во вселената на 14 април. Покрај неа, во мисијата учествуваат и новинарката Гејл Кинг, пејачката Кеjти Пери, ракетниот научник Ајша Боу, биоастронаутичкиот научник Аманда Нгуен и филмската продуцентка Керијан Флин.

 

Претходно, во видеото објавено на социјалните мрежи Санчез рече дека се надева оти мисијата ќе ги инспирира луѓето да имаат големи соништа. „Ако некој ми кажеше дека еден ден ќе можам да одам во вселената, ќе се насмеев“, рече таа.

 

Мисијата е предводена од компанијата на Безос, „Блу ориџин“, а ова ќе биде првпат женски екипаж да лета во вселената. Според извештаите, патувањето треба да трае 11 минути. Кога ќе стигнат до нивната дестинација, членовите на екипажот ќе може да лебдат околу ракетата неколку минути пред да се вратат на Земјата. Ова ќе биде 11-ти човечки лет до работ на вселената за програмата New Shepard.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.