
Кејт Мидлтон за ракот и стресот: „Ми помага тоа што сум во природа“
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 16 Април 2025

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, откри како се справува со стресот откога минатата година ѝ беше дијагностициран рак. На јутјуб-каналот на Кејт и Вилијам, како и на „Инстаграм“, објавено е кратко видео, на кое принцезата се дружи со извидници на езерото Виндермер во Велика Британија.
Кејт за време на разговорот со главниот извидник Двејн Филдс рече дека чувствува длабока духовна и емоционална поврзаност додека е во природа, што ѝ дава „чувство на мир во многу зафатен свет“.
Како што рече, не сите гледаат на ист начин на поминувањето време во природа, но нагласи дека тоа ѝ е многу важно. Покрај чувството за поврзаност, таа вели дека наоѓа рамнотежа и во природата.
Да потсетиме, принцезата во јануари објави дека ракот, кој ѝ беше дијагностициран минатата година, е во ремисија. „Олеснување е што сега сум во ремисија и останувам фокусирана на закрепнувањето. Како што знае секој кому му е дијагностициран рак, потребно е време да се приспособи на новата нормала“, рече таа во изјавата објавена на „Инстаграм“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
