
Колапс на улица поради фатална русокоса во Њујорк: ниту пократко мини здолниште, ниту подолги нозе
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 17 Април 2025

Хајди Клум повторно е во центарот на вниманието, овој пат на улиците на Њујорк, каде минувачите уживаа во нејзиниот мал заводлив настап.
Поранешниот супермодел Хајди Клум (51) повторно се потруди да им го разубави денот на минувачите во Њујорк, а како поинаку би можела да го направи тоа освен со секси облека на која одамна сме навикнати.
Познатата германска манекенка избра многу провокативен аутфит за снимање, мал коктел фустан кој максимално ги откри нејзините витки, долги и затегнати нозе, кои дополнително ги истакна со вртоглави потпетици.
Со оглед на тоа дека креацијата ја следи линијата на телото, таа и овојпат ги убеди сите дека и на 52 години изгледа неверојатно жешко и младешко, па дури имаше и мал настап на улица, со кој ги „маѓепса“ случајните минувачи, па побрзаа да ја фотографираат познатата русокоса, без да го тргнат погледот од неа.
Мини фустанот е несразмерно исечен напред, а Хајди стручно и самоуверено „сокри“ се што треба, притоа внимавајќи да не покаже премногу.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
