
Вилијам Леви проговори по апсењето: „Се обидував да останам смирен цело време“
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 17 Април 2025

Кубанско-американскиот актер Вилијам Леви, кој е познат по улогите на заводник од сапуниците, минатиот викенд беше уапсен во Форт Лодердејл, Флорида.
44-годишникот беше уапсен бидејќи бил пијан на јавно место и упаднал во нечиј приватен имот. Според евиденцијата за апсење до која дошле локалните вести, тој бил „многу алкохолизиран и предизвикувал вознемиреност во ресторанот“, а менаџерот му рекол да не се враќа.
Во вторникот попладне Леви се појави на суд, каде што судијата му одреди кауција од 500 долари. Истата вечер тој беше ослободен од затвор. Се обиде да ги избегне новинарите, но безуспешно. Леви потоа ја раскажа својата верзија на приказната.
Тој објасни дека се обидел да ја прекине расправијата, но дека на крајот завршил со лисици. Негира дека ја нападнал вработената во ресторанот.
„Цело време се трудев да останам смирен. На крајот, јас бев тој што мораше да си замине“, им рекол Леви на насобраните новинари.
Кога го прашале за обвинението за прекршување, Леви кратко рече: „Па мораа да ме приведат за нешто“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
