
Викторија Бекам го слави својот 51. роденден, Дејвид ѝ испрати емотивна честитка
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 17 Април 2025

Викторија Бекам го слави својот 51. роденден. Дејвид Бекам ѝ испрати емотивна честитка на „Инстаграм“.
„Среќен роденден на најневеројатната сопруга, мајка и најдобра пријателка што би можеле да ја посакаме. Имај го најсовршениот ден затоа што тоа го заслужуваш, а ние многу те сакаме“, напиша Дејвид во објавата, во која ги означи и нивните деца, синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер.
Дејвид објави неколку фотографии со Викторија од почетокот на нивната врска. На објавата додаде и фотографии од Викторија кога таа била девојче, како и фотографија од нив заедно со нивните деца. Објавата бргу доби половина милион допаѓања.
„Толку многу те сакам, мамо. Ти ни даде безусловна љубов уште од првиот ден и оттогаш не престана“, напиша синот Круз во коментар под објавата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
