
Деми Мур за разочарувањето поради загубата на „Оскарот“: „Ќе беше прекрасно да победев“
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 17 Април 2025

Актерката Деми Мур (62), конечно, откри како навистина се чувствувала откога го пропушти „Оскарот“ за најдобра женска улога оваа година, пишува „Дејли мејл“. Мур не го криеше разочарувањето бидејќи „Оскарот“, наместо неа, ѝ припадна на актерката Мајки Медисон.
„Секако дека физичкиот, човечки дел од мене, кој има его, се чувствува разочарано. Ќе беше навистина прекрасно да победев“, призна Мур.
Но, актерката тврди дека веќе претчувствувала оти 26-годишната Медисон ќе победи и му шепнала на филмскиот продуцент Џејсон Вајнберг за време на рекламите: „Мислам дека Мајки ќе победи“.
За време на преносот на церемонијата, Мур беше видена како му кажува нешто на Вајнберг веднаш откога Ема Стоун го прочита името на победникот.
„Не знам зошто го знаев тоа, но знаев. Бев потполно смирена и прибрана. Не бев уништена. Не чувствував ништо од тие тешки емоции. Само имав верба и сè уште имам во сè што ќе се случи“, изјави Мур.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
