
Мегин Кели остро ја нападна Блејк Лајвли на гала-вечерта „Тајм 100“: „Таа не требаше да биде тука“
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 25 Април 2025

Американската водителка и новинарка Мегин Кели јавно ја критикува Блејк Лајвли на гала-вечерта „Тајм 100“ откога актерката беше прогласена за една од „највлијателните луѓе на годината од списанието „Тајм“.
„Тоа е смешна шега“, изјави водителката за „Дејли мејл“ на црвениот тепих од настанот во Њујорк во четвртокот вечерта. „Таа не треба да биде тука. Таа нема никакво влијание врз ништо“, додаде таа.
Кели исто така рече дека Лајвли „изнесе лажно обвинение за MeToo“ против Џастин Балдони, режисерот и коѕвездата на It Ends With Us.
„Затоа таа денес се кае бидејќи речиси сите нејзини обвинувања се распаѓаат“, додаде водителката. „Фактот дека таа сега е славна затоа што се обидела да уништи нечиј живот, без никаква основа – тоа е скандал. Јасно е дека ‘Тајм’ бара големи ѕвезди за да го продава списанието, но тоа е сосема погрешно“, рече таа.
Новинарката се пошегува дека копнеела по селфи со Лајвли и Меган Маркл бидејќи и двете ѝ обезбедиле часови и часови содржина за емисијата „Шоуто на Мегин Кели“. „Имам чувство дека Лајвли ќе ме избегнува. Јас нема да избегнувам никого. Во ред сум со тоа“, рече таа.
Лајвли се појави на црвениот тепих во фустан со голи рамења од дизајнерот Зухаир Мурад. Таа дојде на настанот придружувана од сопругот Рајан Рејнолдс, кој зборуваше на самитот „Тајм 100“ претходниот ден. Актерката беше именувана на престижната листа претходно овој месец како „филантроп и личност што се занимава со најсложените социјални прашања во САД“.
И покрај ова, Лајвли се соочи со бран критики на интернет за добивањето на признанието во средината на правната битка со Балдони. Иако судењето е закажано да почне во март 2026 година, некои веќе зазедоа страна. „Блејк Лајвли не е влијателна – таа е манипулативна и злобна“, „Само во Холивуд лажењето може да ве стави на листата на највлијателни“, се само дел од коментарите.
Лајвли поднесе тужба против Балдони во декември 2024 година обвинувајќи го за сексуално вознемирување на снимањето. Таа исто така тврди дека Балдони и неговиот тим почнале кампања за клевета со цел да го уништат нејзиниот углед. Балдони ги негира обвинувањата, а потоа поднесе контратужба од 400 милиони долари против Лајвли, Рејнолдс и нивната портпаролка Лесли Слоун обвинувајќи ги за клевета и уцена.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
