
Оскаровецот Пол Хагис ослободен од обвиненијата за силување
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 08 Мај 2025

Канадскиот режисер и оскаровец Пол Хагис беше ослободен од обвиненијата за силување, пишува АНСА.
Во јуни 2022 година, Хагис беше обвинет од 30-годишна Британка дека ја силувал во хотел три дена пред почетокот на филмскиот фестивал Остуни. После тоа, режисерот помина две недели во домашен притвор.
„За Хагис ова е крај на кошмарот што донесе неправеден крај на кариерата на оскаровецот, филмски гениј, режисер и сценарист, кој е препознаен ширум светот“, рече неговата одбрана по пресудата во Апулија.
Адвокатите на Хагис, Микеле Лафорџија и Даниеле Ромео, велат дека судијата во блискиот град Бриндизи донел одлука дека сексот не се случил без согласност. Недолго по упатувањето на обвиненијата, режисерот морал да плати отштета од 10 милиони долари.
Пол Хагис е 72-годишен канадски режисер и продуцент. Тој е најпознат по режијата на филмот „Краш“ од 2004 година, кој му донесе Оскар за најдобар филм и најдобро сценарио. Истата година го напишал сценариото за филмот „Девојка од милион долари“. Покрај тоа, тој е познат по два филма за Џејмс Бонд.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
