
(Видео) Хали Бери објави провокативна снимка со своето момче: „Дали прекинуваме нешто?“
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 14 Мај 2025

Актерката Хали Бери е позната по тоа што отворено зборува за својот интимен живот. Таа неодамна го лансира својот бренд, Respin Health, чија цел е „редефинирање на менопаузата и долговечноста“, а меѓу своите производи нуди и гел за „зголемување на интимноста“.
Бери го промовира токму овој производ на необичен начин – во видео што го објави на социјалните мрежи по повод Денот на мајките. На снимката се гледаат Бери и нејзиното момче Ван Хант како лежат голи во кревет, скриени под покривките. „Ви покажав како ми почна денот или поточно како ми почна Денот на мајките. Сега нема да ви покажам, но ќе ви кажам како ќе заврши Денот на мајките“, рече таа низ смеа додека нејзиниот партнер ја поттикнуваше да го заврши видеото.
Видеото предизвика многубројни реакции на социјалните мрежи. Некои корисници коментираа: „Дали прекинуваме нешто?“, „Чувствувам дека не треба да бидам тука со вас“, „Што, всушност, гледав?“ и „Никогаш не помислив дека ќе ја видам Хали Бери гола како продава лубрикант преку интернет“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
