Шарапова преку имејл го отпуштила својот татко
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 05 Март 2024
Славната руска тенисерка Марија Шарапова најголем дел од трофеите во богатата кариера ги освои кога тренер и беше таткото. Сепак, и покрај големата љубов меѓу таткото и ќерката, Марија во еден момент решила да го отпушти човекот кој целиот свој живот го посветил на нејзината кариера.
Негова е одлуката таа од Русија да се пресели во САД.
„Во еден момент морав да му кажам дека повеќе нема да ми биде тренер. Знаев дека тој момент како доаѓа, но не знаев како да го направам тоа“, ја започна својата приказна Шарапова во американски подкаст.
„Сепак, тој веќе беше подготвен на некој начин. Најголемиот подарок што ми го даде бешетоа што прифати дека еден ден ќе мора да се повлече од мојата кариера“.
Тоа го направи на почетокот на 2008 година, по триумфот на Австралија опен против Ана Ивановиќ во финалето.
„Решив дека најдобро е тоа да го направам преку електронска пошта. Така најдобро ќе ги искажам мислите и ќе ми биде наједноставно. Тато знаеше дека вакво нешто ќе се случи, но веројатно не очекуваше дека ќе го направам тоа веднаш по освојувањето на мојата трета Грен слем титула. Не можев да го погледнам во лице“.
Шарапова тогаш имаше 21 година, потоа освои уште две Грен слем титули без нејзиниот татко како тренер во стручниот штаб. Интересно е што ги освои двата пехари на Ролан Гарос иако сметаше дека тоа е нејзината најслаба подлога. Неколку пати има изјавено дека „на земјана подлога“ се чувствува како крава на мраз“.
Се разбира, Јуриј Шарапов никогаш не доби отказ, но по зимата 2008 година, тој повеќе не беше толку вклучен во кариерата на Марија. Водечка улога ја презедоа други тренери, меѓу кои најважни се Мајкл Џојс, Томас Хогштед и Свен Груневелд.
Шарапова освои вкупно 36 титули, сребрен медал на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, беше прва во светот и е една од најбогатите спортистки во историјата. Таа се повлече од тенисот во 2020 година, се омажи и стана мајка.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс