Гудељ по лекарска препорака ја заврши кариерата

Српскиот фудбалер Драгиша Гудељ реши да се пензионира на 26 години, а веста ја објави на својот официјален профил на социјалната мрежа Инстаграм. Драгиша Гудељ е брат на српскиот репрезентативец и долгогодишен играч на Севилја, Немања.

 

Професионална кариера ја заврши по препорака на лекар, откако минатата година два пати колабираше на теренот. Гудељ минатата година двапати имаше срцев удар. Првите проблеми се случија во март. Тогаш бил клинички мртов, а потоа лекарите успеале да го спасат. Нешто слично му се случи и во декември.

 

Гудељ на Инстаграм, напиша дека ја напушта својата најголема љубов, фудбалот. Тој им се заблагодари на сите за поддршката.

 

Драгиша Гудељ кариерата ја започна во младинските категории на НАЦ Бреда бидејќи е роден во Холандија, каде што израснал, но има српско државјанство. После тоа играше за Б тимот на Ајакс, швајцарскиот Волен, португалскиот Гимараеш и сега за Кордоба.

 

Играше на позицијата стопер, а можеше да ја покрие и позицијата лев бек.

 

„Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 300 илјади евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.