Рома го „краде“ Довбик пред носот на Атлетико

Атлетико Мадрид веројатно ќе остане без посакуваното засилување. Артем Довбик чии трансфер речиси беше завршен наместо во Мадрид ќе се пресели во Рим, така барем тврдат италијанските медиуми.

 

Според овоие извори, менаџерот на фудбалерот се сретнал во Рим со челниците на Рома.

 

Рома во текот на денот треба да испрати официјална понуда која ќе изнесува фиксоно 30 милиони евра, но со одредени бонуси би можела да достигне до 40 милиони евра. Толкава е клаузулата која во договорот со Џирона ја има Довбик.

 

Украинскиот репрезентативец во Џирона е од 2023 година и на 36 првенствени натпревари постигна 24 гола.

 

Минатата сезона беше најдобар стрелец во шпанската Ла Лига со 24 гола, додека на второто место со гол помалку се најде Норвежанецот Александер Сорлот, член на Виљареал.

 

Инаку, Рома претходно воспостави контакт со Норвежанецот, очигледно целта на „волчицата“ е да донесе еден од двајцата најдобри стрелци во Ла Лига минатата сезона.

 

Минатата сезона Рома го зазеде шестото место во Серија А.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.