Хрватска го доби трилерот против Јапонија, од 17:23 до победа 30:29

Ракометната репрезентација на Хрватска со многу мака успеаја да забележат победа над Јапонија 30:29 (8:13), во натпреварот од првото коло на олимпискиот турнир. Херој на „коцкестите“, кои се врати по негативата од шест гола, беше Иван Мартиновиќ кој го постигна голот за победа во последната секунда.

 

Хрватска веројатно ја потцени Јапонија, репрезентација која до пред неколку месеци ја предводеше актуелниот хрватски селектор Сигурдсон.

 

Доминираа Јапонците до 45.минута кога ја стекнаа најголемата предност 17:23. Но не издржаа, Хрватите ја стабилизираа најпрвин играта во одбраната, постигнаа неколку лесни голови и го презедоа водството 25:24.

 

Драмата се случи во последната минута, најпрвин Мартиновиќ не реализираше при резултата 29:29, по тајм-аутот Јапонците го имаа последниот напад, удаорт на Фиџисака заврши во гредата, а во последната секунда Мартиновиќ и ја обезбеди победата на Хрватска.

 

Марио Шоштариќ со шест, Иван Мартиновиќ со четири, Марин Шипиќ и Верон Наќиновиќ со по три гола беа најефикасни кај Хрватска. Кај Јапонија, Косуке Јасухира постигна 10 гола, Наоки Фиџисака пет гола.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.