Реал во јануари сака да го донесе Александер-Арнолд

Повредата на Дани Карвахал е една од вестите на неделата во шпанскиот фудбал. Сезоната за десниот бек на Реал Мадрид и шпанската репрезентација заврши поради повреда. Карвахал, во саботата, против Виљареал ги скина вкрстените лигаменти во десното колено.

 

Реал, сега на оваа позаиција го има само Лукас Васкез, што значи дека клубот ќе мора да биде активен во зимскиот преоден рок.

 

„Марка“, утрово пренесува дека Реал започнал сериозна потрага по десен бек и дека прва мета е Трент Александер-Арнолд.

 

Овој фудбалер има договор до крајот на сезоната, а Ливерпул би можел да заработи доколку реши да го пушти во јануари. Оваа варијанта е тешко остварлива, барем од оваа перспектива, бидејќи Ливерпул води преговори со Арнолд околу новиот договор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.