(Видео) Пејачот на „Парни валјак“ падна од сцената и заврши во болница
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 16 Декември 2024
„Парни валјак“ во неделата имаше концерт во Дубровник, но групата мораше да го прекине настапот поради повреда на пејачот Игор Дрвенкар.
Дубровчани и нивните гости се собраа во неделата вечерта на „Страдун“ на концертот на групата „Парни валјак“ во рамките на Дубровничкиот зимски фестивал.
Тие ги пееле хитовите на култниот локален бенд, а потоа се случила несреќа, пејачот Игор Дрвенкар паднал од бината и се повредил.
Хусеин Хасанефендиќ-Хус најпрвин им кажа на насобраните дека концертот може да продолжи за еден час, пренесе „Дубровник весник“.
Моментот на падот го снимил некој од публиката, а го објави „Дневник.хр“.
Организаторите се огласија подоцна и открија што се случило со Игор.
„Концертот на ‘Парни валјак’ нема да продолжи поради повреда на пејачот, кој, по приемот во болница, е задржан поради повреда на рамото. Се чувствува добро“, најавија од Дубровничкиот зимски фестивал.
Инаку, концертот беше најавен за саботата, но беше одложен поради лошите временски услови.
Инаку, Дрвенкар на крајот на минатата година го наследи легендарниот Аки Рахимовски.
Медиумите потсетуваат дека и Лепа Брена се повреди пред неколку дена на настап во загребската „Арена“. Додека чекала во лифтот за да излезе на сцената, снимател паднал врз неа и ѝ го скршил зглобот. Брена итно била оперирала и по два дена била пуштена на домашно лекување.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс