Принцот Вилијам би можел да стане крал порано од очекуваното?

Според анализите на светските медиуми, изгледа дека британското кралско семејство се подготвува да се соочи со нова криза, па дури и сукцесија, како што здравјето на кралот Чарлс III не се подобрува по дијагнозата рак на простатата. Сали Бедел Смит, биограф на принцот од Велс, во интервју за „Радар онлајн“ изјави дека принцот Вилијам и принцезата Кејт, која исто така се бори со еден вид рак, се подготвуваат да ја преземат круната.

 

Во случајот со принцезата од Велс, таа постепено ги продолжила своите кралски должности откога во септември објавила дека завршила со лекувањето, а Вилијам ги презел повеќето кралски обврски, иако кралот Чарлс III продолжува да ги извршува своите должности, според објавеното.

 

Според интервјуто, иако кралот продолжува да ги извршува своите должности, тој мораше да прифати ограничувања поради лекувањето на ракот. Како резултат на тоа Вилијам презеде повеќе одговорности, а тој и Кејт се подготвуваат за своите идни улоги поинтензивно од очекуваното.

 

Кралицата Камила исто така ги намали своите кралски должности додека закрепнува од пневмонија. Оваа ситуација поврзана со здравјето на монархот би можела да го забрза непосредното наследување. Сепак, ниту Бакингем ниту палатата Кенсингтон не издаде официјално соопштение за здравјето на кралот или за можното наследување на тронот.

 

Светските медиуми потсетуваат дека на кралот Чарлс му беше дијагностициран рак во февруари оваа година, а оттогаш е на хемотерапија. И покрај болеста, тој продолжува со своите обврски, иако некои од настаните му ги додели на својот син. Во текот на октомври, за време на официјалната посета на Австралија и Самоа, Чарлс привремено го прекинал лекувањето со одобрение на неговите лекари. Сепак, моментната здравствена состојба на кралот останува непозната надвор од кралското семејство, според написите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.