ФБИ лови поранешен олимпиец за дилање дрога и убиство

Поранешниот сноубордер Рајан Вединг го бара ФБИ во операцијата Слалом. Имено, ФБИ има издадено потерница по 43-годишникот и нуди награда од 50.000 долари за информација која ќе доведе до негово апсење.

 

Вединг се бара поради наводно водење и учество во транснационална операција за шверц на стотици килограми кокаин од Колумбија, преку Мексико и јужна Калифорнија, во Канада и остатокот од САД.

 

Во налогот за апсење се наведува дека Вединг бил вмешан во организирање на повеќе убиства поврзани со дрога. Американските медиуми пишуваат дека Вединг е познат во шверцерскиот свет по прекарите Шефот, Гигант и Јавен Непријател и дека е дел од криминална организација која работи под заштита на озлогласениот мексикански картел Синалоа.

 

Мартин Естрада, федералниот обвинител за Калифорнија, потврди дека Вединг е обвинет за водење на транснационална организирана криминална група која била вклучена во шверц на кокаин и убиства на невини цивили. Локалните власти уапсија повеќе од десет лица во рамките на операцијата Слалом, но Вединг и уште тројца се уште се во бегство.

 

Полицијата заплени повеќе од еден тон огнено оружје и муниција, 250.000 долари во кеш и 3,2 милиони евра во криптовалути.

 

Американските власти тврдат дека обвинетите поседувале кокаин вреден меѓу 23 и 25 милиони долари.

 

Поранешниот олимпиец може да биде осуден на доживотен затвор. Само по обвиненијата за трговија со дрога, доколку биде осуден, Вединг се соочува со минимум десет години затвор.

 

Обвиненијата за убиство и злосторничко здружување, носат доживотна казна во федерален затвор.

 

Вединг учествуваше на Зимските олимписки игри 2002 во Солт Лејк Сити како член на канадската репрезентација, со која заврши на 24. место во слалом.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.