Сијарто: Односите меѓу Унгарија и Луксембург се карактеризираат со меѓусебно почитување

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска изјави дека односите меѓу таа земја и Луксембург од неодамна повторно се карактеризираат со меѓусебно почитување.

 

„Обеменот на билатералната трговија се зголеми четирипати во изминатата деценија. Подобрувањето на конкурентноста на ЕУ е заедничка цел, затоа ги поддржуваме мерките неопходни за функционирање на светскиот трговски систем заснован на правила, без вештачки бариери“, соопшти Сијарто.

 

Сијарто го пречека својот луксембуршки колега Ксавиер Бетел во Будимпешта првпат во неговиот децениски мандат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.