Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 09 Ноември 2024
Фудбалерот на Манчестер Сити, Родри, ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од второпласираниот играч на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, објави францускиот спортски весник „Л’Екип“.
На 28 октомври, Родри ја освои Златната топка за најдобар играч на светот во традиционалниот избор на Франс Фудбал.
Годинава Родри со Сити ја освои Премиер лигата, а со Шпанија стана европски првак.
Фудбалерот на Манчестер Сити доби вкупно 1.170 гласови, а Винисиус 1.129.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс