Флорентино Перез го одбил Серхио Рамос

Флорентино Перез, првиот човек на реал Мадрид ја одбил можноста да го врати во клубот долгогодишниот капитен Серхио Рамос.

 

По повредите на Едер Милитао, Дани Карвхал и Лукас Васкез, Реал ќе мора да се активира на пазарот во зимскиот преоден рок. Медиумите шпекулираа дека е можно рамос да се врати на „Сантијаго Бернабеу“, но Перез воопшто не размислува на оваа тема.

 

Серхио Рамос за Реал одигра 671 натпревар. Тој постигна дури 101 гол и запиша 40 асистенции.

 

Според медиумите во јануари Реал ќе донесе еден централен дефанзивец, а во игра се три имиња: Лапорт од Ал Наср, Лукеба од Лајпциг и Та од Баер Лдеверкузен





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.