Кошаркарите ги почнаа подготвките за двомечот со Литванија
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 18 Ноември 2024
Македонската кошаркарска репрезентација ги започна подготвките за двомечот со Литванија, во квалификациите за пласман на Европското првенство. Макеоднија во четврток ќе ја пречека Литванија во Скопје, натпреварот ќе започне во 18 часот, а на 24.ноември ќе гостува во Литванија.
Победа и пораз имаат македонските кошаркари по првите две рунди во Х групата. Идентичен учинок имаат и Литванците, а лидер во групата е Естонија со две победи, додека Полска е последна со два порази.
Една победа, во двата натпревар, против фаворизираната Литванија ќе ги отвори на Македонија портите за пласман на Европското првенство.
„Работите се такви што мораме да победиме да победиме на еден натпревар за да ги задржиме шансите за пласман на следното европско првенство. Литванија е фаворит, тоа е една исклучително добра репрезентација. Натпреварот во Скопје ќе покаже дали сме подготвени за настап на Европско првенство“, рече селекторот Александар Јончевски.
Селекторот и стручниот штаб се соочуваат со сериозни кадровски проблеми пред првиот натпревар. Поради обврски кон своите клубови во Евролигата првиот натпревар ќе го порпушти Ненад Димитирјевиќ, исто така и Ти-Џеј Шортс и покрај тоа што изборот за натурализиран кошаркар е Итан Хап.
И кошаркарот на Валенсија веројатно ќе го порпушти првиот меч поради здравствени проблеми. Против Литванија во Скопје нема да игра и плејмејкерот на МЗТ, Андреј Магдевски
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс