Македонија во третиот барабан ги чека противниците во квалификациите за пласман на СП

По завршувањето на овој циклус во Лигата на нации познато се шеширите за ждрепката за квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Фудбалската репрезентација на Македонија, како што и претходно беше познато, ждрепката на 13.декември во Цирих ќе ја чека од третиот шешир.

 

Во третиот шешир се и Шкотска, Словенија, Република Ирска, Албанија, Финска, Грузија, Исланд, БиХ, Северна Ирска, Црна Гора, Израел. Макеоднија со овие репрезентации не може да се сретне во квалификациите.

 

Прв шешир: Франција, Шпанија, Англија, Белгија, Португалија, Холандија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска, Австрија.

 

Втор шешир: Украина, Турција, Шведска, Велс, Полска, Србија, Грција, Романија, Словачка, Норвешка, Чешка.

 

Четврти шешир: Бугарија, Луксембург, Белорусија, Ерменија, Косово, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Латвија, Фарски Острови, Литванија

 

Петти шешир: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн, Сан Марино

 

Патот низ квалификациите нема да биде лесен бидејќи само првото место гарантира пат на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.