Агентот на Икарди: Тој е многу далеку од договор со Интер

Сопругата и агент на напаѓачот на Интер Мауро Икарди – Ванда Нара, изјави дека играчот се уште е далеку од продолжување на договорот со тимот на „нероазурите".

 

– Двете страни во моментов се далеку од договор. Се уште нема пристигнато прифатлив предлог од Интер. Многу големи клубови од цела Европа се заинтересирани за него во моментов – двата најголеми во Шпанија, еден од Франција и еден од Англија, изјави Нара.

 

Актуелниот договор на Икарди завршува во 2021 година. Единствената негова конкретна желба сега е тој да добива по 8 милиони евра по сезона.

 

Од италијанскиот клуб, пак, сакаат да ја отстранат клаузулата за откупување од 110 милиони евра и да потпишат со Аргентинецот до 2023 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.