Ѓоковиќ: Не ми беше пријатно што фокусот беше на мене, а не на тенисот
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 16 Јануари 2022
Новак Ѓоковиќ се јави со кратко соопштение по конечната одлука да биде депортиран од Австралија по „натегањето“ со австралиските власти од 6 јануари, што значи дека нема да може да оди на 10-та титула на Австралија опен, првиот гренд слем од сезоната, кој почнува утре во сенка на случувањата со светскиот број 1.
„Би сакал да дадам кратка изјава со која би ги заокружил случувањата на судот денеска. Ќе направам мала пауза да се одморам и да соберам енергија пред да дадам дополнителен коментар. Навистина сум разочаран од одлуката да се одбие мојата апликација за судско мислење за одлуката на министерот да се одбие мојата виза, што значи дека нема да можам да играм на Австралија опен. Ја почитувам одлуката на судот и ќе соработувам со властите околу депортацијата. Не ми е пријатно што фокусот последните недели беше на мене и се надевам дека сега ќе се фокусираме на тенисот и турнирот кој го сакам. Би сакал да им посакам на тенисерите, официјалните лица, волонтерите и фановите многу среќа на турнирот. Благодарност до моето семејство, пријателите, тимот, навивачите, моите драги Срби за поддршката. Вие ми бевте извор на сила“, објави Ѓоковиќ.
Конечна одлука! Ѓоковиќ ја загуби жалбата, ќе биде депортиран од Австралија
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс