
Миркуловски: Ова е мојот последен меч за Македонија, се надевам на среќен крај
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 15 Април 2022

Машката ракометна репрезентација на Македонија се подготвува за реванш-натпреварот против Чешка во баражот за пласман на Светското првенство.
По ремито (24:24) во Злин, македонските ракометари в недела ќе треба да победат барем минимално за да обезбедат мундијалска виза.
За искусниот среден бек, Филип Миркуловски, тоа ќе биде последниот натпревар во дресот на националниот тим.
„Ова е мојот последен натпревар во репрезентацијата на Македонија, ќе биде емотивно, но ние сме професионалци. Се надевам дека ќе имаме среќен крај и дека ќе се пласираме на Светското првенство“, изјави Миркуловски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
