Во пожарот на свадба во Ирак, загинаа и младенците, најмалку 50 лица се во критична состојба

Во пожарот на свадба во Ирак, во кој настрадаа најмалку сто лица, загинаа и младенците, изјави Ахмед Дубардани, заменик-шеф на здравствената администрација во Ниневија.

Обраќајќи им се на новинарите на прес-конференција, тој додаде дека најмалку педесет лица се во критична состојба, од кои најмалку половина се здобиле со изгореници.

„Повеќето од повредените беа целосно изгорени. А некои изгореа од 50 до 60 отсто од нивните тела. Ова воопшто не е добро“, рече тој.

Тој додаде дека повеќето од повредените се млади мажи и жени, а засега никој не е отпуштен од болница.

Очевидци изјавија дека стотици луѓе славеле таму кога зградата се запалила околу 10:45 часот по локално време. „Го видовме огнот како пулсира и излегува од салата. Оние кои излегоа излегоа, а оние кои не излегоа, беа заглавени“, изјави за Ројтерс Имад Јохана, 34-годишник кој се спасил.

Друга гостинка на свадбата, Ранија Ваад, која се здоби со изгореници на раката, рече дека огнометот „почнал да се качува до таванот“ додека невестата и младоженецот танцувале.

„Целата сала беше во пламен. Не можевме да видиме ништо“, изјавила 17-годишната девојка за новинската агенција АФП.

„Се гушевме, не знаевме како да излеземе“, додаде таа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.