Хамас го обвини и Бајден за влезот на израелската армија во болницата Ал Шифа
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 15 Ноември 2023
Палестинската милитантна група Хамас денеска објави дека го смета и американскиот претседател Џозеф Бајден одговорен за упадот на израелската армија (ИДФ) во медицинскиот комплекс Ал Шифа.
„Фактот дека Белата куќа и Пентагон усвоија лажна (израелска) приказна, тврдејќи дека движењето на отпорот го користи медицинскиот комплекс Ал Шифа за воени цели, беше зелено светло за окупаторот да изврши повеќе масакри врз цивили“, истакнаа од Хамас.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс